Кандидатката за градоначалник на општина Карпош од коалицијата „За подобра Македонија“, Јагнула Куновска, денеска презентираше уште три нови проекти пред граѓаните на општината. Куновска најави дека ќе се обноват 104 фасади, ќе се заменат азбестните покриви и ќе се обезбеди годишен технички преглед за сите лифтови во општината. За сите проекти има предвидено финансиска реконструкција, како и рокови за нивна реализација.
– Планираме да извршиме реконструкција на руските и на романските згради со термички фасади. Со овој проект ќе бидат опфатени 104 фасади на станбени згради во кои живеат 15.000 жителите. За овој проект од буџетот на Општина Карпош ќе бидат обезбедени 185 милиони денари, а фасадите ќе бидат реконструирани во периодот од 2013 до 2016 година. Исто така, планираме замена на азбестните покриви. Проектот ќе нѐ чини 60 милиони денари кои ќе ги обезбедиме од буџетот на Општината, а ќе биде реализиран во периодот од 2013 до 2016 година. Третиот и последен проект за денеска е проектот за годишен технички преглед на лифтовите во општина Карпош. Со овој проект ќе бидат опфатени 200 лифтови, а од буџетот ќе бидат одвоени 1,2 милион денари. Рокот на реализација е 2013-2017 година – соопшти Куновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.