| четврток, 6 декември 2018 |

Авионот на „Џерман Вингс“ паѓал 18, а не осум минути

avion2

Според новите докази што денеска се појавија во истрагата за причината за вчерашното уривање на авионот Ербас А320 на компанијата „Џерман Вингс“ над Алпите, падот на леталото траело 18, а не осум минути, како што претходно се веруваше.

Француската министерка за животна средина и сообраќај Сеголен Роајал изјави дека екипажот на авионот престанал да се јавува вчера во 10 часот и 30 минути, додека се наоѓал над Медитеранот, а во 10 часот и 48 минути удрил во Алпите.

За тие 18 минути авионот постепено паѓал од висина од 28.000 стапки на висина од 2.000 стапки и за тоа време не испратил никаков повик за помош.

Роајал наведе дека тоа што се случило во кокпитот е од клучно значење.

Претходно, францускиот министер за надворешни работи Бернар Казнев истакна дека истражителите ги разгледуваат сите можности за причините за авионската несреќа, но ја исклучи можноста од терористички напад.

Тој наведе дека црната кутија е пронајдена на 2.000 метри надморска височина и оти е многу оштетена.

Францускиот државен секретар за сообраќај Ален Видал потврди дека почнала работата на репродуцирање на виталните податоци од кокпитот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top