| четврток, 6 декември 2018 |

Библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе одбележи 200 години од раѓањето на Јосип Јурај Штросмаер

По повод 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец, бискупот Јосип Јурај Штросмаер, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира чествување на Штросмаер и историските хрватско-македонски културни врски, поврзани со објавувањето на Зброрникот на браќата Димитар и Константин Миладинови во 1861 година во Загреб.

За животот и делото на Штросмаер ќе зборуваат проф. д-р Златко Крамариќ, амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија и проф. д-р Марко Китевски. Стихови од Зборникот ќе интрперетира актерот Томе Витанов.

Чествувањето ќе се одржи на 26 март (четврток) 2015 година, во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 12.00 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top