| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров на позиција број 2 во трката за најдобар стрелец во ЛШ

Кирил Лазаров е во рамноправна трка со Момир Илиќ за ореолот најдобар стрелец во Лигата на шампионите, а од сенка шанса да биде крал на стрелците во елитното натпреварување чека и Тимур Дибиров.

Лазаров со 85 погодоци за Барселона е на втората позиција, зад бекот на Веспрем, Илиќ, со гол повеќе, а Дибиров има 75 погодоци и четвртфиналето го чека од четвртото место. Добра шанса за освојување на врвот и признанието голгетер број 1 има и Микел Хансен со 80 голови.

FC Barcelona vs PSG Handball

Во топ 10 како последнорангиран е Игор Карачиќ бекот на Вардар со 63 прецизни удари, а „црвено-црните“ имаат право да се гордеат како единствен тим со двајца ракометни голгетери меѓу најдобрите 10. Веднаш зад Карачиќ е Алекс Дујшебаев на делба на 11. позиција со 62 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top