Документарниот филм посветен на Жераж Депардје кој синоќа беше емитуван на француската телевизија „Франс 3“ откри дека францускиот актер во еден момент во животот преминал во ислам.
Филмот на психоаналитичарот Жераж Мије, „Жерар Депардје, човекот чиј татко не говорел“, го следи животот на иконата на француската кинематографија, од најраното детство, преку бројните љубовни врски, проблеми со алкохолот, па до губењето на синот Гиом.
Гледачите посебно реагирале на епизодата во која се говори за преминувањето на Депардје во ислам. Во 1967 година, по концертот на египетската пејачка Ум Калтум во Париз тој решил да помине во ислам.
Две години тој го читал Куранот, ја посетувал џамијата во Париз и се молел петпати дневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.