Стевчо Јакимовски, поранешен пратеник на СДСМ, вели дека партијата не може да го покрене своето членство и дека ефектот од нивното сценарио не се остварува. Јакимовски во гостувањето во „Канал 5“, вчера рече дека поради оваа ситуација, опозицијата влегува во агонија со протести.
– Сега не може, се гледа дека ефектот не се остварува, не може да го покренат народот, своето членство итн. И сега тоа се продолжува, се влегува во една агонија и таа агонија е ајде сега ќе правиме протести ваму, ќе правиме протести таму. Се користат разни форми. Значи тоа е веќе видено сценарио кое што јасно не може да даде резултат. На власт не можеш да дојдеш со уцени и со воајерство, рече Јакимовски.
На власт можеш да дојдеш само ако имаш подобар политички или пак економски програми, заклучи лидерот на ГРОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
Кривична пријава за Јакимовски и четворица негови соработници
-
Јакимовски: Откако се одвоив од СДСМ во 2013 година, постојано ми се закануваат со притвори и затвори
-
Општина Кaрпош: Нема услови градинките да работат во две смени, идејата на министерството е нефункционална


