| четврток, 6 декември 2018 |

Мустафа: Во април заедничка седница на владите на Косово и на Македонија

Косовскиот премиер Иса Мустафа на денешната седница на владата во Приштина соопштил дека за наредниот месец планирана е заедничка седница на косовската и македонската влада.

– Имаме повеќе прашања како и иницијативи од двете страни. Ќе вложиме напори да ги конкретизираме предлозите и нашите ориентации во еден што покус временски рок и ќе ги хармонизираме со цел седницата да се одржи наредниот месец, изјавил Мустафа.

Според него, на заедничката седница се очекува да се постигне договор за одредени прашања кои ќе ја олеснат соработката во економијата и другите области со Македонија.

По двете седници со албанската, за косовската влада седицата со македоската ќе биде со влада на втора држава од соседството. Македонската влада пак веќе имаше заеднички седници со владите на Србија и на Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top