| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Нема недела, а Заев да не направи гаф (ВИДЕО)

Stevce-Jakimovski-int74-2

Според поранешниот функционер на СДСМ, Стевчо Јакимовски, однесувањето на сегашниот лидер на партијата Зоран Заев е апсолутно недозволиво. Во интервју за „Канал 5“, Јакимовски вчера изјави дека не постои недела во која Заев нема да направи гаф.

Прво ќе каже дека не им верува на институциите, па ќе отиде да поднесе кривична пријава, па ќе каже дека им верува, зависи во каква ситуација е. Значи ние не можеме да правиме преседант, тогаш секоја опозиција кога ќе биде соочена со кривична постапка ќе се повикува на тоа дека не верува во институциите на системот и секогаш ние ќе повикуваме од странство нас да ни посредува, односно да правната разврска биде алатка на политичката разврска во државата, истакна Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top