| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Јасно е и има признание кој прислушкувал

Како може да не знаеме кој прислушкувал кога има признание, кога човекот си признал, изјави синоќа лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во интервју за „Канал 5“. Јакимовски додаде дека не му е јасно како тоа викаме дека не знаеме кој прислушкувал, кога ма признание од притворен во учесникот на оваа афера со судска завршница и правосилна пресуда.

Јавноста треба да знае денеска нема физичко малтретирање во истажната постапка, значи се носат докази, еден доказ, два, три пет, десет и итн. Соочен со доказите си ги консултираш фино лепо адвокатите, адвокатите ти кажуваат што ти следува согласно доказите што ги имаш, ти предлагаат решение кое што можеш да го искористиш, а тоа е да се договориш со обвинителот, ако си го признаеш делото, за да евентуално се прифати поблага казна, за да не се лежи во овој случај над 15 години затвор. Значи работата е јасна како ден. Колку што имам сознание дека и второто лице си го признава делото што значи дека ние во тој дел, од каде е изворот, од каде е нарачателот на ова преслушкување имаме потполно документиран податок за тоа кој тоа го правел, истакна екс-функционерот на СДСМ, Јакимовски.

Јакимовски е длабоко убеден дека оваа судска разврска се води по сите стандарди на Европската Унија онака како што треба да се води и убеден е дека веројатно од сослушувањата има и аудио и видео снимки што очекува дека еден ден јавноста ќе може да го види целокупното судење и да се слушне точно кој е нарачателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top