| четврток, 6 декември 2018 |

Помал пожар избувна во зградата на Обвинителството

Помал пожар што избувна во една од канцелариите во Основното јавно обвинителство во Скопје, предизвика паника меѓу вработените во новата зграда во центарот на Скопје, пишува „Утрински весник“. На терен излегоа три возила на Противпожарната единица, по што огнот беше ставен во контрола.

Како што потврдија од полицијата, инцидентот се случил денеска околу 13 часот. Нема повредени ниту е причинета поголема материјална штета. Од скопската Противпожарна единица ни рекоа дека причина за пожарот е догорче од цигара фрлен во кошница за отпадоци.

фото: Утрински весник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top