Аргентински археолози почнаа истрага откако сосема случајно беа откриени три руинирани градби во еден оддалечен природен резерват во североисточна Аргентина, за кои се верува дека се изградени за да бидат скривалиште за високи нацистички офицери, бегалци од Германија, по Втората светска војна.
На скриената локација се пронајдени германски монети, исковани во текот на нацистичка Германија, а се најдени и други предмети што потекнуваат од тоа време.
Аргентинскиот археолог Даниел Шавелзон, професор на Универзитетот во Буенос Аiрес за домашниот весник „Кларин“ изјави дека трите градби, сместени среде џунгла се сами по себе мистерија. Тој верува дека се градени во четириесетите години на 20 век, дека се необични и нетипични за Аргентина, како и дека во нив е најдени примероци од порцелан произведен тие години во Германија.
Шавелзон, сепак, вели дека засега, нема никаков доказ што би ги поврзал градбите и предметите со нацистички офицери или функционери од времето на нацизмот и Третиот рајх.
Според аргентинскиот весник, археолозите се заинтересирале за градбите и решиле да ја истражат „мистеријата околу нив“ затоа што во јавноста на Аргентина и понатаму се верува дека градбите се скривалишта за високи нацистички личнсти, меѓу кои се споменува и Мартин Борман,„десната рака“ на Адолф Хитлер.
„Скривалиштето“ е најдено во аргентинската област Мисионес, на тромеѓето со Бразил и Парагвај, близу до градот Сан Игнацио, сместен во оваа одалечена област во тамошната џунгла.
Првите проценки на археолозите се дека изградените објекти веројатно никогаш не биле користени од нацистите, бегалци од Европа, затоа што тогашните власти во Буенос Аирес им дозволија на германските нацисти и на италијанските фашисти слободно да се населат по градовите во Аргентина.
Ваквата одлука е донесена во времето на претседателот Хуан Перон и тоа долго време беше осудувано од меѓународната јавност. Најпозните нацистички воени злосторници кои се криеле во Аргентина се Адолф Ајхман, кого израелсата тајна служба Мосад го киднапира и го префрли во Израел, за судење, како и Ерих Прибке.
Во 2000 година, тогашниот претседател Фернандо де ла Руа, јавно се извини за улогата на Аргентина во криењето на воените злосторници од Втората светска војна.
Археологот Шавелзон меѓутоа не верува дека во откриеното нацистичко скривалиште можел да престојува Борман. Тој се повикува на наодите од испитувањето на еден откриен скелет во Берлин, во 1998 година,кога ДНК тестовите покажаа дека станува збор за коските на Борман,со што се потврди тезата дека тој се самоубил и дека никогаш не заминал за Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Прва сезнација на фудбалското СП: Аргентина ремизираше со Исланд, Меси промаши пенал
-
Икарди нема да биде во тимот на Аргентина на Светсткото во Русија
-
Пронајдени над 400 килограми кокаин во руска амбасада