| четврток, 6 декември 2018 |

Германија формираше кризен штаб по падот на авионот во Франција

avion

Германската влада формираше кризен штаб по вестта за падот на авионот на компанијата „Џерман вингс“ на француските Алпи, јави дописникот на МИА од Берлин.

Министерот за надворешни работи Франк – Валтер Штајнмаер ја потврди веста за инцидентот  и најави дека посебен истражен тим ќе замине на местото на несреќата и ќе ги анализира сите детали поврзани со трагедијата, во која покрај 45 шпански државјани најголем број од патниците се Германци.

Шефот на дипломатијата порача дека Германија е во блиски контакти со француските власти на кои им се заблагодари за поддршката. Претходно францускиот претседател Франсоа Оланд телефонски разговарал со канцеларката Ангела Меркел.

Нискобуџетната авиокомпанија „Џерман вингс“ е дел од националната компанија Луфтханса чии стотици летови беа откажани минатата недела поради штрајкот на пилотскиот синдикат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top