Англиските медиуми најавуваат голема трансфер бомба во Англија. Престојот на Радамел Фалкао во редовите на Манчестер Јунајтед завршува во мај и по се изгледа позајмениот играч од Монако нема да го продолжи престојот на Олд Трафорд.
Сепак менаџерот и играчот не се премногу оптеретени за следната дестинација на популарниот „Ел Тигре“ бидејќи на нивна адреса пристигнуваат многубројни понуди. Челси и Ливерпул се заинтересирани да го доведат во своите редови и да му го продолжат престојот на Колумбицеот на островото.
Сините будно ја следат ситуацијата, додека Ливерпул е тимот кој повеќе од се сака да го доведе во своите редови бидејќи менаџерот Брендон Роџерс посакува токму таков профил играч кој му недостасува во тимот.
За услугите на Фалкао е заинтересиран и Јувентус кој покрај одличната сезона во Серија А лигата и во Лигата на шампионите сака дополнително да се засили за следната сезона со што би бил пококнуректен на големите гиганти од Европа, но желбата на фудбалерот е сепак да остане во Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.