| четврток, 6 декември 2018 |

Во пеколот на анорексијата: Јадев само по едно јаболко на ден (ФОТО)

1738288

Британкската тинејџерка Бет Кауан завршила со помалку од 40 килограми борејќи се истовремено со анорексија и со булимија.

Имав 16 години. Ни сама не знам како и зошто, но почнав да си кратам од храната и да трчам по еден час секој ден – ја почнуваа својата приказна, денес 19-годишната Кауан.

Кауан сакала да стане моделка, но премногу ослабнала.

Јадев само по едно јаболко на ден – признава таа.

Родителите, конечно, побарале помош од специјалист за нарушувања во исхраната, кој ѝ помогнал да се врати, во речиси нормална тежина.

Денес, на 19 години, Бет тежи 52 килограми и се кандидира за Мис на Британската Империја. Нејзината приказна ја раскажа за тамошните медиуми, надевајќи се дека ,можеби, ќе помогне на некоја девојка да не падне во стапицата на анорексијата и на булимијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top