Со дијаметрално спротивни ставови и наелектризираност од страна на опозициските претставници на СДСМ, денеска во Европскиот парламент во Брисел започна семинарот „Развој на политичка култура и зајакнување на политичкиот дијалог за одржлива демократија” што денеска и утре се одржува во европскиот законодавен дом.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Антонио Милошоски, потпретседател на македонското Собрание и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од една страна и Радмила Шеќеринска, Љупчо Јосифовски и Лидија Димова, претставени од организаторот како пратенички од СДСМ и НСДП, дебатираат за политичката култура на овој меѓупарламентарен семинар со пратеници од другите земји-кандидати за членство во Европската унија и со европратениците.
Од Македонија, покрај Милошоски, Шеќеринска и Димова, на овој семинар ќе присуствуваат и Талат Џафери (ДУИ), Љубица Буралиева (независна пратеничка) и Имер Алиу (ДПА). Заедно со македонската парламентарна делегација во Брисел е и генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, Жарко Денковски.
Пред почетокот на дебатата, која денеска е посмирена поради темите, а утре се очекува соочување за политичката ситуација во Македонија, Милошоски и Шеќеринска прикажаа различен пристап.
Според Милошоски, овој настан не е случаен, ниту пак изборот на учесниците. Тој сметам дека овој семинар може да се искористи од европратениците како едно нивно согледување за позициите и ставововите на политичките актери во Македонија, за потоа да им користи во нинвата добронамерна мисија да го поттикнат политичкиот дијалог во Република Македонија.
– Она што е наш став како политичка партија е дека ако имаме волја да развиваме полтички дијалог во Европарламентот, нема причина зошто истото да не го сториме во Собранието. Бојкотирање на било кој парламент е и бојкотирање на демократијата. Демократија значат избори, на нив се добива доверба и не значи дека довербата е трајна и дадена еднаш засекогаш, но ако истата биде доведена во прашање и биде тестирана, повторно, куќа каде тоа треба да се стори е Собранието на Република Македонија. Затоа, очекувам ваквиот развој на настаните да може кај сите политички чинители во Македонија да ја зголеми свеста дека секое решение, секоја критика и политичка алтернатива, треба и може да се најде само во Собранието на Република Македонија, истакна Милошоски пред дебатата.
Запрашан дали снимките што ги објавува СДСМ на прес-конференции, треба да предизвикаат остави и разрешување на некои официјални лица во Македонија, според Милошоски, начинот на избор и разрешување на функционери, пред се е сведен на уставниот поредок кај нас и тука се одлучува кој и кого ќе избере и кој и која позиција и колку долго ќе ја извршува. Токму тука, тој го издвои Собранието како клучна установа за било-каков политички развој на настаните.
– Во политиката и во политичката борба, дозволени се многу средства. Критики, навреди, основани или неосновани, па за жал и омаловажувања. Но, не се дозволени нелегални средства и користење на некои нелегални методи за само да се дојде на власт. Тоа значи дека ако таквите средства беа дозволени, тогаш Џулиан Асанж и Едвард Сноуден ќе беа политичари или премиери или лидери на опозиција, немаше да бидат таму кај што се и да бидат поврзани со такви контроверзи со кои мислам дека ги поврзуваат. Затоа сметам дека нивото на политичка борба во Македонија, што е заострено, би требало да се сведе на институционално дејствување и тогаш ќе биде најдобро и за државата и за граѓаните и за целата доверба во системот, посочи Милошоски.
Пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, потврди дека е добро што Европската комисија и обвинителството во Македонија најдоа заеднички интерес, случајот „Пуч” да биде транспарентен и да биде следен на заеднички начин, со поддршка и на стручни лциа од страна на Комисијата, кои имаат свое искуство во вакви или слични случаи.
– Сепак, тоа е многу серозен случај за да може да се прејудицира и би сакале низ една правна постапка да се дојде до едно издржано, правно и транспаренто решение, заклучи Милошоски.
Шеќеринска, пак, на дебатата во ЕП пристапи со став дека е тешко да се говори за политичка култура, макар и во Брисел, во ситуација кога, според неа, македонските парламентарци од опозицијата се уште не гледаат кој ја понесе одговорноста за „нашето физичко и насилно отстранување од парламентот”. Таа посочи дека нема култура кога од одредена структура се злоупторебуваат сите структури во Македонија.
– Европската унија неколкупати испрати пораки, не само кон Македонија, туку кон целиот регион, дека за да имате демократски процес, морате да имате владеење на правото. Снимките што македонската опозиција ги објави и за жал не успеаја да продрат низ јавниот сервис што ја има обврската да ги информира граѓаните, а покажуваат дека во Македонија, правната држава, елементарното право е мислена именка, посочи Шеќеринска.
Потпретседателката на паритјата на Зоран Заев, истакна дека не очекува чуда на овој европски семинар, дека една конференција што ЕП ја организира не за Македонија, туку за повеќе земји, дека ќе предизвика некаква промена на расположението, нарекувајќи ги претставниците на македонската власт дека “наликуваат на оние мајмуни кои не гледаат, не слушат и не говорат”.
Шеќеринска расчисти дека претставниците на опозицијата се дојдени на директна покана на европските социјалдемократи во ЕП и оти не се дел од делегација на македонскиот парламент. Според неа, позициите може да се приближат ако власта е подготвена да понесе одговорност за тоа што се случува во државата. За жал, според неа, таа подготвеност во моментов не се гледа и не очекува дека некои конференции ќе помогнат на тој пат.
– Приближување на ставови, решавање на проблемот ќе има само ако одреден број на лица понесат одговорност, а тие лица се во Владата на “Илинденска”, рече Шеќеринска.
На прашање на дописникот на МИА од Брисел, дали одговорните во опозицијата ќе понесат одговорност ако во судската разврска на случајот “Пуч” се утврди дека снимките се нелегални и оти се набавени во соработка со странска разузнавачка служба, што веќе го има во првата пресуда како признание на еден од обвинетите, Шеќеринска со одговор дека никој не го видел тоа обвинение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати
-
Европратениците не се обврзани на транспарентност за додатоците
-
Шекеринска потврди: МО ќе оддели милион евра за кампањата за референдумот