| четврток, 6 декември 2018 |

Експерти: За фотељата на Илинденска, Заев е подготвен на големи отстапки

Социјалдемократите се подготвени на се за да се дограбат до власта, објави „Сител“. Последниот предлог на соросовиот „Фокус“, Албанец да биде новиот македонски премиер, ги потврди предупредувањата на експертите дека Заев е подготвен на големи отстапки само за да добие фотеља на Илинденска. Но, предлогот на „Фокус“ е само дел од сценариото кое според експертите го креираат СДСМ , СОРОС и нивните странски соработници.

Минатата недела на арапската „Ал Џезира“ беше објавен скандалозен филм преку кој директно ги навреди Македонците. Во него, ветеран на УЧК пред картата на голема Албанија им се закани на сите Македонци со војна, а веднаш по него, Радмила Шеќеринска рече дека во земјава ќе биде уште полошо од денеска.

Експертите велат дека СДСМ веќе не бира што и каде зборува и со тоа свесно го руши имиџот на Македонија газејќи по националниот идентитет на земјата, што е всушност и целта на странските служби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top