| четврток, 6 декември 2018 |

Републиканецот Круз ќе се кандидира за претседателските избори во САД

избори

Сенаторот републиканец од Тексас Тед Круз ја објави кандидатурата за претседателските избори во САД, следната година.

– Ќе учествувам на претседателските избори и зе надевам на вашата поддршка- изјави 44-годишниот сенатор преку својот налог на Твитер.

Објавата е придружена со 30-секунден видеоклип, во кој тој изјавува дека верува во Америка и Американците.

– За да ја вратам големината на САД, потребна е нова генерација на храбри конзервативци – истакна Круз, кој е поддржан од ултраконзервативното крило на Републиканската партија.

Се очекува подоцна денеска тој официјално да ја објави одлуката во обраќање во универзитетот во Вирџинија.

Тед Круз е првиот официјален кандидат од Републиканската партија, кој се кандидира за учество во натпреварот за партиската номинација за претседателската функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top