Италијанската холдинг компанија „Камфин“, главен акционер на „Пирели“, кој е петти произведувач на гуми во светот соопшти дека синоќа со НРЦ, компанија под контрола на фирмата „ЧемЧајна“ потпишала спогодба за „долгорочно индустриско партнерство во Пирели“.
Спогодбата предвидува создавање нова компанија „Бидко“, која ќе биде главен акционер на „Пирели“, а индиректно ќе биде под контрола на НРЦ, во партнерсто со „Камфин“.
– Седиштето и стручниот дел на „Пирели“ ќе останат во Италија – се наведува во соопштението и се додава дека за евентуалното селење ќе биде потребно квалификувано мнозинство, односно 80 отсто од гласовите на акционерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.