Избраниците на Жозе Мурињо имаа фуриозен старт во денешниот дуел од Премиер лигата против Хал Сити на гостински терен и за само девет минути дојдоа до два гола предност. Еден Азар и Диего Коста беа стрелци на головите во втората и деветтата минута.
Домаќините не се предадоа, создадоа неколку шанси во шеснаесетникот на лидерот, па потоа во рок од две минути постигнаа два гола. Хал во вториот дел имаше и три одлични можности за целосен пресврт, но казната стигна на петнаесетина минути до крајот, кога нововлезениот Реми со доста среќа го совлада домашниот голман.
Со оваа победа Челси има комотна предност од шест бодови во однос на Манчестер Сити и натпревар помалку во Премиер лигата.
Hull City vs Chelsea 2-3 All Goals & Highlights… by PlanetFootball
На натпреварот меѓу КПР и Евертон славеа гостите со 2-1 со головите на Колман и Ленон, додека единствениот гол за КПР беше дело на Варгас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)