Актуелниот шампион на Германија Баерн Михен првпат годинава е поразен на домашен терен на Алијанц Арената.
Скалпот на баварците го зема Борусија Менхенгладбах која успеа да слави голема победа со 2-0.
Гранитната одбрана на гостите беше нерешлива енигма за баварскиот гигант кој никако неможеше да го најде патот до мрежата. На спротивната страна Борусија успеа да постигне два гола преку Рафаел кој на двапати успешно го матираше денеска слабиот Мануел Нојер во 30 и 77 минута од натпреварот.
Дополнителен проблем за Гвардиола претставува новата повреда на Арјен Робен, кој штотуку се врати на терените, а по само 25 минути игра мораше да биде заменет, па сега одново ќе мора да мине извесен период надвор од тимот на Баерн.
Во вториот натпревар одигран денеска во Бундес Лигата единствениот конкурент на Баерн Минхен за титула, Волфсбург одигра само 1-1 на гостувањето против Мајнц.
на табелата води Баерн со 64 бодови дури 10 повеќе од Волфсбург на осум кола до крајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)