| четврток, 6 декември 2018 |

Ле Пен бара оставка на владата по поразот на социјалистите на локалните избори во Франција

Accident-de-piscine-et-fracture-pour-Marine-Le-Pen

Лидерката на опозициската партија од крајната десница во Фрацнија Национален фронт, Марин Ле Пен, побара во неделата навечер оставка од владата на премиерот Мануел Валс, откако беа соопштени прелиминарните резултатите од првиот круг на изборите за департманите кои покажаа пораз на владејачката Социјалистичка партија.

Од владејачката партија на претседателот Франсоа Оланд не ги коментираа пораките на Ле Пен. Претходно владини кругови повеќепати истакнуваа дека без оглед од исходот на денешното гласање, кое според сите прогнози укажуваа на тежок пораз на владејачките социјалисти, кабинетот на премиерот Валс ќе продолжи да работи во сегашниот состав.

Изборите се одржуваа во 98 од 101 француски департман, освен во Париз и Лион, и се избираат повеќе од четири илјади советници во демартманските совети на мандат од шест години. Вториот круг ќе се одржи следната недела, на 29 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top