Шпанскиот интернационалец во редовите на Манчестер Јунајтед Хуан Мата ќе го памети овој ден бидејќи во дербито наречено „Битката за Британија“ постигна два гола на Енфилд Роуд во натпреваро против Ливерпул во кој неговиот тим славеше со 2-1.
Манчестер Јунајтед сосема заслужено освои три бода бидејќи во целиот натпревар беше подобар противник, ја контролираше играта на средината на теренот и создаде неколку шанси за постигнување гол.
Стивен Џерард по лошо ќе го памти последното дерби одиграно против Манчестер Јунајтед бидејќи само што влезе во игра на стартот на второто полувреме по само 42 секунди заработи директен црвен картон, сосема оправдано. Тој во првиот дуел намерно го згазна Ерара и судијата Еткинсон оправдано му додели директен црвен картон.
Единствениот гол за Ливерпул го постигна Даниел Стариџ во 69 минута, но тоа беше се што сторија црвените од Енфилд.
Во самиот финиш од натпреварот во судиското продолжение беше досуден пенал за „црвените ѓаволи“, но Мињоле успешно го одбрани ударот на Вејн Руни.
Liverpool vs Manchester United 2-1 All Goals… by footballhighlights1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.