Авганистанката Фархунда, која вчера беше убиена пред полицајци заради тврдењата дека изгорела копија на Куранот, била невина, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на денешната изјава на шефот на авганистанската истрага, генералот Мохамад Захир.
-Синоќа повторно ги прегледав сите документи и докази, но не можев да најдам никакви докази дека Фархунда го изгорела светиот Куран, рече Захир пред известувачите од денешниот погреб на жената.
„Фархунда била целосно невина“, додаде тој.
Генералот вети дека ќе ги казни сите инволвирани во трагедијата, а, според негови зборови, 13 лица, вклучувајќи и осуммина полицајци, веќе се уапсени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.