| четврток, 6 декември 2018 |

Ајкула и ја одгризала раката но таа не се откажува – Сурфа и во 6 месец од бременоста

betanisurfДваесет и петгодишната Бетани Хамилтон била нападната од ајкула додека сурфала и ја изгубила својата лева рака, но храбрата девојка никогаш не дозволила тоа да ја спречи да ужива во животот.

Храбрата Бетани не се плаши од брановите иако преживеала напад од ајкула која била долга четири и пол метри.

Немилиот настан се случил кога Бетани имала само 13 години, а тогашната локална власт со брза реакција ја фатила ајкулата, ја убила.

Но, ова ужасно искуство не ја спречува оваа девојка да ужива во убавините на сурфањето. Денес, 12 години после нападот таа и својот маж очекуваат дете. Бетани е во 6 месец од бременоста и не се откажува од сурфањето и планира да сурфа се додека не се породи.
1betanisurf

Откако ја изгубила раката Бетани се врати на сурфањето и стана национален шампион во овој спорт. Освен тоа таа напишала и книга за тоа што го преживеала – „Soul Surfer: A True Story of Faith, Family, and Fighting to Get Back on the Board“. Книгата подоцна е претворена во филм – Soul Surfer“ (2011).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top