Еден од најдобрите плејмејкери во кошарката во светот Стив Неш и официјално и стави крај на играчката кариера.
Третиот на листата најдобри асистенти во НБА лигата зад Џон Стоктон и Џејсон Кид се реши по 19 години успешна кариера на 41 година да им каже збогум на играта која му донесе се во животот. Откако се поведи во октомври минатата година на неколку пати се обидуваше да се врати на паркетот, грбот на Неш не ги издржа сите напори и затоа една прекрасна кариера е завршена.
– Нормално е дека моите деца и семејствата ги сакам повеќе од кошарката, но овој спорт ме направи она што сум. Ѝ благодарам за тоа, ми предаде драгоцена лекција за животот и за самиот себе, иако имам уште многу да учам – изјави Стив Неш.
Легендарниот Канаѓанец кариерата за започна во 1996 година кога како 15.пик на драфтот беше избран од Феникс. Тој во својата карирера настапуваше и за Далас, а од 2012 беше член на ЛА Лејкерс.
Двапати беше избран за најкорисен играч (2005 и 2006 година) и осум пати учествувае на Олстар натпреварите.
Неш во текот на кариерата постигнуваше во просек по 14,3 поени и осум асистенции по натпревар, а вкупно забележа 10.335 додавања.
Во продолжение погледнете ги десетте негови најдобри додавања во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)