Лидерот во НБА лигата екипата на Голден стејт продолжува со добрите игри во регуларниот дел од сезоната остварувајќи ја ноќеска петтата победа во низа. Жртва на „Воините“ беше Јута која загуби со 106-91.
Стеф Кари беше оној стариот по лошиот настап против Њу Орлеанс. Тој постигна 24 поени и беше најзаслужен за остварување на 56.победа на својот тим. Барбоса дополни со 19 поени, а Дрејмонд Грин со 15 поени, додека гостите ги предводеше Треј Бурк со 20 поени.
Значајна победа во борбата за плејофот оствари тимот на Феникс на гостински терен во Тојота центарот во Хјустон. Феникс не се предава од осмото место кое води во доигрувањето и сега заостанува само две победи од осмолпасираната екипа на Оклахома. Ерик Бледсо беше најдобриот играч кај Феникс кој мечот го заврши со 34 поени, 8 скока и 4 асистенции. Харден не беше многу расположен, па најдобар кај домашните беше Ариза со 15 поени, 12 скока и 5 асистенции.
НБА Резултати: Индијана – Бруклин 111-123, Детроит – Чикаго 107-91, Хјустон – Феникс 102-117, Мемфис – Портланд 97-86, Голден стејт – Јута 106-91.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)