Стопанската комора на Србија обвинува дека од Македонија во текот на минатата година во Србија биле увезени повеќе од 1,1 милион пилиња и значајни количини сомнително месо од Бразил, каде што живината се храни со соја која е генетски модифицирана, пишува порталот „Фактор“.
Српските производители не се конкурентни поради скапиот процес на производство. Затоа се намалува и производството на животинско месо во земјата, кое за три години е преполовено и моментално изнесува околу 100.000 тони годишно. Како последица на тоа, Србија увезува сѐ поголеми количини пилешко месо и преработени производи.
Мирослав Благојевиќ, претставник на Комората, вели дека преработените производи се купуваат од Македонија, а во Србија домашното производство не ги покрива ниту сопствените потреби.
Минатата година во Србија биле увезени повеќе од 1,1 милион пилиња и значајни количини месо, кое влегло од Македонија. Благојевиќ за српските медиуми изјавува дека во Македонија месото се увезува од Бразил, каде што, пак, живината се храни со соја која е генетски модифицирана.
Српските производители и преработувачи на месо потврдиле дека не користат увезено пилешко месо за своите производи, но сметаат дека македонските производители прават ујдурми.
Македонците увезуваат месо од светот, но истото не би смееле да го извезуваат. Тоа никој не може да го контролира, а кај нас нема увозни царини и месото е поевтино. Народот е во криза, па затоа избира според сцената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.