| четврток, 6 декември 2018 |

Спречете го стареењето на кожата на вратот

vrat-first-450x423Структрурата на кожата значително варира во зависност од делот на телото – некаде подлогата е масно ткиво, додека на некои места кожата е како буквално навлечена над коската. Исто така, одредени делови на телото се подложни на гравитација, а движењата можат да создадат механички брчки. За среќа, постојат многу превентивни мерки, како и третмани што ја заштитуваат кожата.

Кожата на вратот е многу подложна на отпуштање и на губење на еластичноста, бидејќи е потенка и содржи помалку колаген и еластин од кожата на другите делови на телото. Во кожата на вратот има помалку лојни жлезди, а заради честите движења на главата и влијанието на гравитацијата, ризикот од појава на брчки е многу поголем. И пушењето значително ја забрзува појавата на знаците на стареење, особено жолтеникавата боја на кожата. Чадот од цигари ги уништува ензимите што играат клучна улога во создавањето колаген. Цигарите исто така го намалуваат дотокот на крв во кожата, што ја намалува моќта за регенерација.

Што помага? Заради дејството на гравитацијата, мускулите на вратот со тек на време се истегаат. Сепак со редовно спроведување вежби тие можат да зајакнат и да се скратат, со што се подобрува тонусот на кожата. Експертите препорачуваат втривање богат хидратантен крем со движења нагоре (во спротивна насока од силата на гравитацијата). За максимален ефект, стегнете ги забите додека ги правите вежбите – главата наведнете ја наназад, кренете ја долната вилица и останете во таа положба. Опуштете ја вилицата, а потоа трипати повторете ја вежбата.
Пробајте хидратантни кремови и гелови што содржат пептиди, кои одлично ја затегаат кожата, како и материи што поттикнуваат создавање колаген (квасец и пченичен протеин).
(Убавина и здравје)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top