Рекордна количина на радиоактивен цезиум, 7 400 пати повисок од дозволената граница, е откриен од страна на Државната дирекција за безбедност на храна во Јапонија.
Радиоактивните честчки биле пронајдени во риби кои се користат во исхраната, а се ловат во водите во близина на нуклеарната централа „Фукушима“, две години по нуклеарната катастрофа.
Компанијата Токио Електростопанство и копродукции (TEPCO), која управува со Фукушима, откри рекордно количество на зрачење.
Некои експерти укажуваат дека е можно радиоактивните води да протечат од фабриката во океанот. Сведоштво за ова беа и случувањата на крајот на февруари, кога на бреговите на Калифорнија, беа уловени огромни колични туна, кои се покажаа позитивни на тестовите за радијација.
Повеќето риби околу брегот на Фукушима се забранети за пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.