| четврток, 6 декември 2018 |

Се повеќе Магистри и специјалисти во Македонија

статистика графиконЛани бројот на магистри и специјалисти во Македонија се зголемил за над 21 отсто во однос на 2011-та, соопшти Државниот завод за статистика.

Титула магистер на науки лани стекнале 1.297 лица, а специјалисти станале 271 лице. Над половината од магистрите, 55,4 проценти, се жени.

Најголем број од магистерските трудови, 778 или 60 отсто, биле од областа на општествените науки, 15,1 проценти од  техничко-технолошките, а останатите од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top