| четврток, 6 декември 2018 |

Може ли да се случи чудо, Вардар на полувреме води со 14-10

Пред повеќе од 6000 гладачи во СЦ „Јане Сандански“ РК Вардар го игра реванш дуелот од осминафиналето од Лигата на шампионите против Висла Плоцк. Вардар мора да брка негатива од шест голови колку што изнесуваше предноста на Висла во првиот дуел (32-26).

vardar-wisla-3

Црвено-црните добро го започнаа натпреварот набрзина поведоа со 2-0, гостите неможеа да одговорат неколку напади по ред, Штербик на голот фати неколку топки, но повторно истата болка од првиот натпревар, најпрвин не реализиравме пенал, за потоа по двете исклучувања на Висла, Вардар не реализираше четири напади, но прими два гола. Кон средината на полувремето во напад влезе Сергеј Гоброк кој можеби го натпреварот на кариерата, набрзина постигна дури седум голови.

vardar-wisla-5

Позитивен податок е што Вардар прими малку голови во првите 30 минути, што значи дека ако продолжи вака со агресивната одбрана доволна ќе му биде и победа со миниум шест голови.
Атмосферата во салата е како никогаш до сега, Комитите фантастично го водат навивањето на кое се приклучува целата сала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top