| четврток, 6 декември 2018 |

Сите патишта водат кон „Јане Сандански“

Вечерва со почеток од 20.15 часот македонскиот преставник во ракометната Лига на шампиони РК Вардар го игра реванш дуелот од осминафиналето против полскиот преставник Висла Плоцк. Избраниците на Раул Гонзалес се во (не)возможна мисија да ја анулираат предноста од шест голови негатива (26-32) од првиот меч одигран на гостински терен.

vardar-monpelje-18 - Copy

Сепак жешкиот терен во Скопје може да биде пресуден и секако Висла ќе биде пречекана од шестилјадна скопска публика која од првиот момент без штедење ќе ги бодри своите миленици.
Од таборот на црвено-црните најавуваат беспоштедна битка од првата минута и со агресивна одбрана и брз напад ќе се обидат од минута во минута да ја намалуваат предоста на гостинот.

vardar-monpelje-15

Вратите за публиката во Јане Сандански се веќе отворени и публиката полека се собира пред салата и се прави подготовка од верните Комити за достојно да се подржи својот миленик.
Вардар во својот дом може да одигра голем натпревар со кој ќе влезе во историјата. Шест голови разлика не се многу но не се ни малку. Тоа го потенцираше Гонзалес си намера дека ирачите мора крајно сериозно да ја сфатат оваа битка.

vardar-1

Да се надеваме дека по завршувањето на овој дуел сите ќе се радуваме на пласманот на Вардар во четвртфиналето меѓу осумте најдобри екипи на стариот континент, впрочем каде и му е местото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top