Екипата на Борусија Дортмунд денеска во рамките од 26.коло во Бундес лигата славеа значајна победа против Хановер со 3-2.
Со новата победа Борусија собра 33 бода и сега се наоѓа на 10 местото, само пет бодови помалку од Аугсбург кој се наоѓа на шестото место кое води во европските купови.
Обамејанг го отвори резултатот, но Стиндл израмни пред полувремето. Хановер во вториот дел остана со играч помалку по исклучувањето на Битенкорт, а тоа гостите го искористија да постигнат два гола, преку Кагава и Обамејанг.
Хановер до крајот на натпреварот со вториот гол на Стиндл во 82 минута го намали резултатот на 3-2, но тоа беше се што направија домашните фудбалери.
Hannover 96 2 – 3 Borussia Dortmund Goals and… by ViralDailyTV
Штутгарт оствари вежна победа на домашен терен во обидот да обезбеди опстанок во германското елитно друштво. „Швабите“ со 3-1 го совладаа Ајнтрахт Франкфурт, со двата гола на Гинчек и погодокот на Максим.
Резултати Бундес Лига: Фрајбург – Аугсбург 2-0, Хановер – Борусија Дортмунд 2-3, Келн – Вердер 1-1, Падерборн – Хофенхајм 0-0, Штутгарт – Ајнтрахт Ф. 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)