| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: СДСМ не го слуша народот, го прислушкува

image-5b70c77e1c5e203756f9cd8ea517dcd567768e12646e554bfd46b7fe9c332d7f-VПотпретседателот на Собранието на Република Македонија и носител на листата на пратеници од Изборната единица бр. 5 од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во своето обраќање на вчерашниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Битола нагласи дека раководството на СДСМ сака да ја дестабилизира државата, да посее неизвесност и да ја наруши стабилноста на Република Македонија, но тоа нема да им успее затоа што, како што рече, Заев и Шекериска одработуваат за туѓи интереси.

– Разликата меѓу нас и нив е во нашите и нивните цели. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да има што повеќе странски инвестиции, а нивната цел е да има што повеќе странски разузнавачи. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се слуша гласот на народот, а тие го прислушкуваат својот политички противник со цел да ја злоупотребат приватноста. Секое чудо за три дена. И оваа бура ќе помине, и оваа непогода ќе ја издржиме, ќе има штета за државата и за повеќе инвестиции, но ќе ја поднесеме. Имаме стабилна Влада, државата продолжува да функционира, продолжуваат инвестициите, субвенциите…, рече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top