| четврток, 6 декември 2018 |

Фарел Вилиајмс предизвика хаос во ОН

HAPPINESS03e_0_0

 Американскиот музичар Фарел Вилијамс вчера предизвика вистинска збрка во Обединетите нации.

Ретко можат да се видат и слушнат таква галама и ентузијазам во салата на Генералното собрание на ОН, во која по повод 20 март, Меѓународниот ден на среќата, место делегати седеа деца.

Како што пренесуваат американските медиуми, популарниот пејач во светската организација дошол за да предупреди на опасноста од климатските промени.

28220576---us-un-happiness---20032015---193457_225546-L0x0

Штом го завршил својот говор од разгласот во салата се слушнала песмата „Happy“ и повеќе десетици млади луѓе и деца потрчале кон Вилијамс за да направат селфи фотографии.

За да не дојде до турканици морале да интервенираат припадници на обезбедувањето на ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top