| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна помош за спречување туларемија во Лозово

Заради намалување на ризиците од ширење на болеста туларемија, Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе дистрибуира хигиенски средства и вода за пиење за загрозеното население во општина Лозово.

Преку Општинската организација на Црвен крст во Свети Николе ќе бидат поделени 5.000 литри вода за пиење, 240 литри дезинфекциони средства за раце, 576 парчиња сапун за раце, 108 парчиња од 0,5 литри течен сапун за дезинфекција, 72 парчиња од 0,5  литри средство за чистење тоалети, 96 парчиња од литар шампон за капење и 78 парчиња  од 1 литар средство за миење садови, соопштуваат од Црвениот крст на РМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top