12 случаи на туларемија се регистрирани годинава во Македонија. Најголем дел се од Арачиново и Грушино, а двајца заразени има и од Кумановско. Сите се на различна возраст и успешно се лекувани на Инфективната клиника. Епидемиолозите ги презеле сите потребни мерки за дезинфекција и дератизација во овие региони за да спречат ширење на заразата.
Ова е втор поголем број на заболени, по епидемијата во 2015 година кога беа регистрирани 25 лица лица со туларемија. Главни преносители на бактеријата се глувците, зајаците и крлежите, но може да се пренесе и преку контаминирана вода и прашина.Болеста почнува со симптоми слични на грип – покачена температура, треска, потење, малаксаност. Карактеристично за туларемијата е појавата на оток на лимфните жлезди.
Според лекарите ова сериозно инфективно заболување трае од 2 до 4 недели. Успешно се лекува со антибиотици. Епидемиолозите советуваат, најдобра превентивна мерка е заштита од глодари и инсекти, одржување на лична хигиена и да се внимава на храната која се консумира. Во последните триесетина години во Македонија туларемија била евидентирана само три пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.