Денеска по повод Светскиот ден на поезијата, скопјани ќе можат да го платат своето кафе со пишан збор. На три локации низ Скопје, наместо сметка, за испиеното кафе ќе добиете лист хартија и пенкало за да напишете поема, со која ќе го платите пијалокот.
„Дион“ на Кеј, „Наргиле“ во Скопска чаршија и „Паладиум“ во Капиштец. се местата каде ќе се одржи оваа акција, а поетите Елена Пренџова, Ксенија Николова, Билјана Стојановска, Ѓоко Здравевски, Наим Иљази Пари и Даниел Карески, на сите присутни ќе им помогнат да ја напишатнивната поема.
Во 14 часот, пак, во „Дион“ ќе се и одбере најдобрата поезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.