Невработените до 29 години, но и лицата од социјален ризик, оние со над 50 години старост или пак работниците кои останале без работа приади тоа што била прогласени за технолошки вишок, стечај или ликвидација имаат можност да добијат постојана работа преку владините мерки за вработување и финанскиската помош што ја нуди државата.
Актуелни се мерките практиканство и обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување. Огласите за овие две мерки се актуелни се додека не се пополни бројот на апликации.
-Огласите се актуелни и може да конкурираат секој работен ден во рамките на Агенцијата за вработување, сите лица кои што се невработени кои бараат од кога агенцијата ќе ги добие нивните пријави тие ќе ги спојат со работодавците кои бараат определен профил на кадар кој што го исполнува лицето кое што бара, доаѓа до една комуникација помеѓу нив, до засновање на овој однос, привремен во кој државата финансира значаен дел од платите, а понатаму во голем број на случаи и креирање на редовен работен однос на овие лица во компаниите во Македонија, вели портпаролот на Владата на РМ, Александар Ѓорѓиев.
Со мерката практиканство на младите до 29 годишна возраст им се укажува можност да работат во одредена компанија и во првите три месеци добиваат по 6.200 денари од државата. За мерката обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување во период од три месеци државата обезбедува по 6.200 денари, во следните шест месеци по 14.000 денари за работниците и по 3.000 денари за работодавачите, а тие имаат обврска потоа работниците да ги задржат на работа следните 12 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓорѓиев: Пред 10 години невработеноста беше 38 отсто, денес е 24, отворени 160.000 нови работни места
-
Милион евра за младите земјоделци, во тек разгледувањето на деловните планови
-
Практиканството е одлична можност за стекнување вештини и знаења
-
Со обуките за дефицитарните занимања се вработени над 600 лица, проектот продолжува и догодина