Заради добрите ефекти и резултати Владата предвиде во следната година да продолжи проектот за обуки со кои се зголемуваат вештините и знаењата на невработените лица, со цел тие да станат поконкуренти на пазарот на трудот и да можат полесно да се вработат. Податоците покажуваат дека над 600 лица кои досега биле од овој проект успеале да се вработат по завршувањето на обуките кои се дел од проектот, што е показател за успешноста на проектот и мотив невработените лица да ги искористат овие можности.
За 2016 година за овој проект кој се спроведува во соработка со ЕУ, Владата има обезбедено средства за опфат на нови 650 лица на кои им се нуди можност да бидат обучувани и врз основа на новите стекнати знаења да се вработат. Огласот за аплицирање на невработените лица треба да излезе веќе во јануари. На него ќе може да се пријават сите невработени лица кои се најмалку еден ден пред објавата на огласот евидентирани во Агенцијата за вработување.
– Огласот за аплицирање треба да излезе веќе во јануари. На него можат да се пријават сите невработени лица кои се најмалку еден ден пред објавата на огласот евидентирани во Агенцијата за вработување. Програмата за обуки ја спроведуваат приватни компании, стопански комори, занаетчиски комори. Обуката трае три месеци. А државата на секое лице коие с еобучува ќе му ислпаќа по 6.200 денари. По завршувањето на обуката тие ќе се стекнат со сертификат, рече Александар Ѓорѓиев- портпарол на Владата.
Според плановите на државните органи, со огласот ќе бидат повикани невработените лица да аплицираат за обуки за стекнување на знаења од областа на професиите туристички водичи, градежни работници, продавачи, угостителски работници, текстилни работници, пекари, продавачи и останати професии…Новина во овој оглас ќе биде и фактот дека дел од обуките ќе бидат за професии кои се од потреба за странските инвеститори.
Програмата за обука ја спроведуваат верификувани приватни спроведувачите на обуки (приватни компании, стопански комори, занаетчиски комори) и средни стручни училишта. Овие субјекти во период од 3 месеци ќе вршат обуки на невработените лица, кои ќе се состојат од теоретски и практични обуки, а по овие 3 месеци, во период од 1 месец лицата кои се обучувани ќе поминат и на практична работа.
Во периодот од 3 месеци додека невработените лица ги посетуваат обуките, државата на секое лице кое ќе биде обучувано му исплаќа надомест од 6200 денари месечно. По завршување на обуката и проверката на стекнатите знаења и вештини учесниците ќе добијат соодветна потврда за стекнатите знаења.
Целта на програмата е да се зголеми вработливоста на невработените лица преку стекнување знаења и вештини за занимања барани на пазарот на трудот. Ваквиот тип на обуки во кои невработените се обучуваат директно во работна средина се можност тие да се стекнат со работни навики и тие добиваат соодветно искуство и полесно ќе може да се вклучат на пазарот на труд. Најзначаен резултат на овие обуки е фактот дека над 60% од лицата кои се обучуваат со овој проект потоа засноваат редовен работен однос во компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.