| четврток, 6 декември 2018 |

Островот на духовите на кој никој не смее да стапне (галерија) и (видео)

Откако Хашима ја напуштија и последните жители, овој јапонски остров буквално пропаѓа, а со своите трошни згради и мрачни спомени делува навистина морничаво. Хашима, познат уште и како Воен брод, е напуштен остров кој се наоѓа на 15 километри од Нагасаки, во Јапонија. Ова е едно од 505-те ненаселени места во истоимената префектура.

229

Највпечатливи карактеристики на Хашима се напуштените бетонски станбени згради и ѕидот кој го опкружува целиот остров, како штит од можни тајфуни. Островот бил населен од 1887-мата до 1974-тата година, а во 1890-тата година го купил Mitsubishi кога го започна проектот за експлоатација на јаглен од дното на морето. Во 1959-тата година Хашима броел 5.259 жители, на површина од сè на сè само 720 ари.

Кога јагленот беше заменет со нафтата во 60-тите години, рудниците за масло се затвораа ширум целата земја, и ниту Хашима не беше исклучок. Mitsubishi и официјално го најави затворањето на рудникот во 1974-тата година, а денес сите овие згради се целосно празни, а бројот на жители е еднаков на нула.

420

Островот имал повеќе од 30 станбени блокови, 25 продавници, училиште, два базена, болница и гробишта.

Туристите кои сакаат да го посетат, можат да погледнат само една четвртина од островот, но не смеат да ѝ се приближат на ниту една градба. За такво нешто е потребна дозвола од Градскиот совет на Нагасаки, и навистина добра причина. Едноставното објаснување е дека рушевините се исклучително опасни.

318

Иако островот не е напуштен буквално “преку ноќ”, тоа секако изгледа така. Островот некогаш го држел рекордот за најголема населеност на Земјата. После 40 години, откако Хашима ја напуштиле и последните жители, јапонскиот остров едноставно пропаѓа, а со своите трошни згради и мрачни спомени делува навистина морничаво.

Во училиштето помеѓу скршените столчиња и маси, стојат и вежбанките и учебниците, во болниците стојат ренген-снимките, а насекаде по улиците може да наидете на обувки.

Во текот на Втората светска војна, Хашима, како и многу други индустриски центри во Јапонија, било место каде принудно се работело. Корејските и кинеските воени заробеници биле чувани токму тука и биле принудувани да ги изршуваат и најтешките задачи. Тие биле изложени на високи температури и жештини, но и на голема влажност со многу малку храна и течности.

Хашима е едно од неколкуте индустриски места на светот кое чека вклучување во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Прекарот на овој остров – Воен брод потекнува од неговите очигледни сличности со едно такво пловило како и поради неговите високи ѕидови на самото крајбрежје. Воен брод е всушност и превод на името на островот од јапонски на англиски јазик. Исто така, овој остров е познат и како остров на духови.

Хашима е чест предмет на расправи помеѓу ентузијастите кои ги сакаат рушевините. Бидејќи островот не е одржуван со години, неколку згради се веќе срушени. Меѓутоа, поединечни надворешни ѕидови се повторно бетонирани.

Хашима бил користен и за снимање на повеќе филмови. Панорамските снимки од Џејмс Бонд во филмот “Skyfall”, и уште неколку други се снимени токму на Хашима. Тука е снимен и хорор филмот “H Project” (“Проектот Хашима”).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top