| четврток, 6 декември 2018 |

Борјан Јовановски на „Ал Џезира“: Ние сме Словени (видео)

Јовановски за „Ал Џезира“ изјави дека во Македонија не живеат Македонци, туку Словени.

-Создадоа голема поделба меѓу македонското население.  Ние сме дел од тоа население и ние и натаму ќе продолжиме да  бидеме Словени. Меѓутоа, постои и друг дел од населението кои изненадно станаа Антички Македонци, рече Јовановски.

Ваквите изјави на Јовановски беа емитувани во емисијата на арапската телевизија која изобилуваше со антимакедонска пропаганда, помогната од СДСМ и платениците на Соросовата фондација во земјава. Во 25 минутното видео телевизијата упати низа навреди кон Македонија и македонскиот народ. Во целата приказна, главни ликови кои ги поткрепуваа неоснованите напади на арапската тееквизија беа Радмила Шекеринска и луѓе блиски до СОРОС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top