| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на прегазениот пешак кај Охрид

policija

Од здобиените повреди во сообраќајната незгода, која утрово во 8 часот се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид, на само место починал Славе П. (71) од Охрид, кој во критичниот момент се обидувал да ја премине улицата на необележан пешачки премин.

Притоа, во него со предниот дел удрило патничко моторно возило марка „пасат“ со охридски регистарски таблици, кое од селото Лескоец се движело кон Охрид. Возилото било управувано од С.М. (53) од Охрид.

За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт. На самото место е извршен увид во присуство на јавен обвинител како и полициски екипи од СВР Охрид.

По наредба на јавниот обвинител, во текот на денов врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција, како и вештачење врз патничкото моторно возило.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top