Тамара Тодевска апстинира од „Фејсбук“, но на „Инстаграм“ со фотографии ги демантира озборувањата за разделбата со нејзиниот свршеник Александар Димитровски – Мачка.
Неодамна како бомба одекна веста декамакедонската пејачка и кошаркаротја раскинале свршувачката и секој си продолжил по својот пат, но Димитровски брзо демантираше и изјави дека сепак ќе има свадба!
– Некој лошо го протолкувал моментот кога Тамара одела по пролетната гардероба кај мајка си – рече тој.
Тамара демантираше разделба преку фотографии од Охрид, каде што двојката престојуваше деновиве, како и заедничка фотографија со нивниот кум Сефер Цаноски на роденденот на неговата ќеркичка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




