Одбрано друштво што го предводи најтрофејниот клуб и актуелен шампион Реал Мадрид ќе атакува на круната во Лигата на шампионите. Мега-дерби ќе биде токму пресметката на ланските финалисти и градски ривали Реал и Атлетико, а во фокусот ќе биде и двомечот меѓу ПСЖ и Барселона.
Токму светците од Париз се единствената од осумтте екипи што останаа во игра за титулата, што нема играно финале во елитното клупско натпреварување на стариот континент.
Реал Мадрид со 10 титули е најтрофеен клуб во ЛШ, Баерн има 5 трофеи, а Барселона е веднаш зад нив со 4 победи во финалињата на ова натпреварување. Јувентус и Порто ќе атакуваат на третиот трофеј, а првата круна ја очекуваат Монако, Атлетико Мадрид и ПСЖ.
Атлетико досега двапати играл во завршниот меч за титулата и има два порази, а Монако еднаш беше учесник во финалето, нешто што со нетрпение го очекува вториот француски претставник ПСЖ.
Во четвртфиналето ќе играат екипи што имаат вкупно 23 шампионски трофеи од КЕШ или ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.