| четврток, 6 декември 2018 |

Зенит нов тест во Лига Европа за актуелниот освојувач Севилја

Бранителот на титулата во Лигата на Европа, Севилја, ќе игра против рускиот клуб Зенит во четвртфиналето и тој меч ќе биде дерби на рундата.

Волфсбург не може да побегне од италијанските претставници и по елиминацијата на Интер во соминафиналето, сега ќе мора да се справи со Наполи за да се надева на титулата во ЛЕ.

Динамо Киев за противник ја доби Фиорентина, а Днипро ќе ги одмери силите со Бриж.

Двојките за четвртфиналето во Лигата на Европа беа одредени со полудиригиран ждреб. УЕФА одлучи дека рускиот клуб Зенит поради лошата политичка и безбедносна состојба не може да игра со двата претставници од Украина, Динамо Киев или Днипро.

Првите мечеви од четвртфиналето ќе се играат на 16 април, а реваншите се на програмата седум дена подоцна.

Двојки, четвртфинале ЛЕ: Севилја – Зенит, Волфсбург – Наполи, Днипро – Бриж, Динамо Киев – Фиорентина.

sevilja

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top