| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбаш-самоубијци нападнаа џамии во Јемен, најмалку 55 загинати

Најмалку 55 лица денеска загинаа во тројниот напад на бомбаш-самоубијци врз две џамии во Сана, Јемен, во текот на пладневната молитва, во кои се наоѓале  припадници на полицијата на шиитските Хути.

Повикувајќи се на изјави на лекари, француските медиуми пренесуваат дека десетици лица се ранети во нападите.

Една бомба експлодирала во џамијата Бадр, во јужниот дел на Сана, а потоа следела и втора на влезот во џамијата, кога луѓето почнале да бегаат од неа, пренесуваат француските медиуми.

Третиот бомбаш-самоубиец ја нападнал џамијата Хашахуш, во северниот дел на Сана.

Експлозиите следеле по вчерашната престрелка во градот Аден, на југот од Јемен, меѓу трупите лојални на сегашниот и на поранешниот јеменски претседател. Во овие судири загинаа 13 лица.

Хутите се сојзуници на поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех. Тие од септември минатата година го контролираат главниот град Сана.

Претходно годинава, актуелниот претседател на земјата Абедо Рабо Мансур Хади, кој ја има поддршката на Западот, Хутите го ставија во домашен притвор, но Хади, сепак, успеа да побегне во Аден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top