Економската состојба на деловните субјекти и состојбата со бројот на вработени минатиот месец била поповолна во однос на јануари 2015 година и во однос на февруари 2014 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според оцената на раководителите на деловните субјекти, поповолна е и состојбата на обезбеденоста на производството со порачки, состојбата со резервите на готови производи, како и со очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци. Повисок е и индикаторот на доверба во преработувачката индустрија.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2015 година изнесува 62,2 отсто. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната домашна побарувачка со 25 проценти, недостигот одквалификувана работна сила со 24,9, недоволната странска побарувачка со 24,7 и финансиските проблеми со 5,7 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.