Режисерот Емир Кустурица оценува дека на Западот не се случува ништо ново, единствено нетрпеливоста на Западот спрема Русите прераснува во хистерична омраза, се претвора во фобија и достигнува највисока точка.
Кустурица во авторски текст за српска „Политика“ потсетува дека поранешниот генерал на американската војска Роберт Скејлс порача преку американската телевизија „Фокс њуз“ дека во Украина треба да се убиваат што повеќе Руси, додека на годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц го нема рускиот претседател.
До преживеаните лица од логорите, спомнува Кустурица, седат американскиот режисер Стивен Спилберг, како и претседателите кои за време на Втората светска војна тесно соработувале со Хитлер, а „полските организатори заборавиле да ги поканат Русите кои го ослободија Аушвиц. Кустурица истакнува дека во случајот со Аушвиц не е во прашање заборав, туку фалсификат.
Рашн шит, Југослав идиот
Кустурица наведува дека и оваа идеја формално ја креира Холивуд и дека реченицата „Рашн шит, Југослав идиот“ кај американската младина почнува да се применува и поима во 90-тите години на минатиот век, од холивудското влијание дека Русите се криминалци, дилери на дрога и дека светот е во опасност. Тој потсетува дека во тие години „Си-Ен-Ен“ речиси секоја вест од југословенските простори ја почнувале со реченицата дека Србите се традиционални пријатели на Русите.
– И кога не правевме злодела и кога правевме, тоа за „Си-Ен-Ен“ беше исто. Поради тоа, не треба да се чудите како некој кој тогаш гледал филмови и „Си-Ен-Ен“, гледајќи Југословен рекол: „Рашн шит, Југослав идиот“. Што денеска еден таков лик мисли или сака да прави? Не смеам ни да помислам – вели Кустурица.
Тој додава дека во Америка има пријатели кои се поостри спрема Стејт департментот од пријателите во Србија, а некои од нив воопшто немаат дилема дека Буш Постариот и Буш Помладиот, како и Тони Блер, се обични нацисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.