| четврток, 6 декември 2018 |

По 39 години затвор, ќе добие еден милион долари отштета

Рики Џексон (58), кој речиси 40 години помина во затвор за убиство што не го сторил, ќе добие повеќе од еден милион долари отштета од државата бидејќи бил неправедно осуден.

Џексон е еден од тројцата на кои им е изречена смртна казна во 1975 година, откако беше осуден за убиство на бизнисмен во Кливленд. Пресудата беше донесена врз основа на сведочењето на 13-годишниот Еди Вернон, кој изјави дека го видел Џексон од школскиот автобус како го убива бизнисменот.

Вернон подоцна призна дека полицијата го присилила да сведочи против Џејксон и браќата Вили и Рони Бриџмен.

Врз основа на признанието на Вернон за лажно сведочење во ноември 2014 година тројцата осуденици се ослободени од обвинението. Судот одреди компензација за сите тројца, но Џексон ќе добие најголема сума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top